Германскиот магазин “Штерн” ги објави резултатите од истражувањето “650 најдобри работодавачи во Германија”.
Во истражувањето, направено во соработка со “Статиста”- независен Институт за испитување на мислењето и истражување на пазарот, повеќе од 50.000 испитаници биле замолени да одговорат на повеќе од 50 прашања, во периодот од 24.06 – 09.08.2021 година.
Меѓу споменатите прашања, едно од позначајните е и прашањето дали вработените би го препорачале својот актуелен работодавач на друг (свој пријател, близок, роднина). Имајќи го во предвид периодот во кој е спроведено Истражувањето, во рамките на истото бил испитуван и аспектот – на кој начин компаниите ги менаџирале односите со своите вработени во услови на предизвици предизвикани од глобалната пандемија на Covid-19.
Споменатото истражување го поставува КОСТАЛ на високото 9-то место во категоријата “Работодавачи од автомобилска индустрија и нивни добавувачи”, односно на 12-тото место во категоријата “Работодавачи од областа на електроника и електротехника”.
КОСТАЛ од 2016 година е присутен во Македонија, преку своите производствени капацитети во Охрид, каде работат околу 1.000 посветени професионалци од сите делови на државата, снабдувајќи ги најголемите производители на автомобили. Меѓу клиентите на производите на технолошки напредното производство од Охрид, се вбројуваат БМВ, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. Фолксваген Сеат, Шкода.
Како и централата во Германија, така и филијалата во Македонија се издвојува од останатите фирми во државата со високиот углед кој го ужива меѓу вработените, локалната заедница и воопшто на пазарот на труд. КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА како компанија постојано ја става добробитта на вработените на преден план преку можностите за нивен раст, развој и образование, компетитивни примања на пазарот на труд и поставување на нови стандарди кога станува збор за бенефитите кои вработените ги уживаат.