Додека ја работи својата работа од соништата се чувствува среќна како 10-годишно дете.
Ема Вандел има необична професија. Таа е дизајнер за ентериер на куќички за кукли.
Со години работела како банкарка, кога за време на еден одмор налетала на мала куќа за кукли и се вљубила во светот на минијатурните куќи. Ги сакала уште како дете, а кога налетала на нив како возрасна се почувствувала како да има 10 години и била среќна.
Почнала да собира ваква колекција и декорирањето на куќите за кукли ѝ станало хоби. Ѝ било бегство од реалноста, а потоа се родила и идејата за основање на компанијата Doll’s House Grand Designs.
Оттогаш таа ја работи работата од своите соништа и секоја куќа ја прави уникатна и значајна, според желбите на клиентите.
Горда е на секое дело и среќна што им ги остварува соништата на клиентите.
извор: crnobelo.com