Владата е на потег
Без маски во основните училиште и без вакцинален сертификат во рестораните на отворено препорача Комисијата за заразни болести.
Учениците од 1 до 9-то одделение да следат настава како и пред пандемијата, додека, пак, задолжителната обврска за носење на маски останува за наставниците и техничкиот персонал.
Од КЗБ напомена дека маската за децата ќе биде право на избор ако некој сака да носи маска, има дома возрасни членови на семејството и сака да ги заштити, не е забрането да носи маска во училиштате.
Др.Александар Петличковски гостувајќи на ТВ Сител кажа дека скринингот покажал дека училиштата се безбедна зона и нема неконтролирано ширење на болеста.
-Моментот ни дозволува мало олабавување, но тоа не значи дека епидемијата е на крај. Најавени се педијатриски вакцини од Фајзер. Препораката до сите, а особено и до родителите, за вакцинација е многу силна, тоа е наше најдобро оружје и најдобра превенција. Седум недели имаме по ред паѓање на сите параметри во однос на епидемијата. Не знаеме за следен бран, но добро е да имаме алгоритми и капацитети и избор во вакцини, појасни Петличковски и додаде:
-Доколку овој обид со основците помине добро, следни на ред ќе бидат средношколците, а понатаму и целата популација. Потребно е да бидеме во зелена зона за да ги тргнеме сите рестриктивни мерки