Единечното пакување на цигарите ќе има форма на квадар со рамни или заоблени ивици и ќе содржи најмалку 20 цигари – стои во новиот нацарт закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Единечното пакување на цигарите ќе има форма на квадар со рамни или заоблени ивици и ќе содржи најмалку 20 цигари – стои во новиот нацарт закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.
“Се забранува пуштање во промет на пакувања на цигари кои немаат форма на квадар и кои содржат помалку од 20 цигари, со икслучок на пакувањата на цигари кои што се наменени за извоз“, пренесува порталот Фактор.
На пазарот до сега дел од кутиите цигари имаат по 19 цигари на број. Законот беше предложен уште лани, на текстот имаше коментари и забелешки, но и покрај тоа што беше објавена изменета верзија, се уште не го помина владиниот филтер.
Во продавниците каде има и цигари, се разбира пушачите тоа добро го знаат, дел од кутиите се со по 19 цигари внатре. Тоа впрочем се тие кои се пакуваат овде во Македонија.
Остануваат одредбите дека на кутијата јасно треба да е наведено за каков производ станува збор, и колку содржи катран, никотин и јаглероден моноксид. Ако тоа не е наведено производот не смее да биде пуштен во продажба.
Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк