Можно е олабавување на мерките, интересот за вакцинација е мал
На Владата е да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.
„Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Јас немам моментално таа информација“, изјави Шаќири.
Продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против ковид, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, се намалува интересот за вакцинација против КОВИД-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани.
Најголем процент на дневно вакцинирани лица се токму граѓаните над 60 години.
„Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување“, изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.