Со загревањето на храната од неа се губат многу хранливи материи
Ако ручекот го правите за неколку дена, мора да внимавате бидејќи не е здраво да подгревате некои намирници .
Дури и ако ви останал оброк од вчера, можеби е подобро да го јадете додека е ладен и да не го подгревате.
На топлината се формираат голем број бактерии, а честото загревање ги губи и хранливите материи.
Еве неколку намирници кои никогаш не треба да ги подгревате.
1. Јајца
Спаѓаат во ризичната група и никогаш не би требало да ги подгревате јајцата. Јајцата ја имаат таа предност што можат да се чуваат во фрижидер и да се јадат ладни.
2. Зеленчук
Колку и да е здрав кога повторно го загревате, со термичка обработка зеленчукот го губи сето добро што го има во него , претворајќи го во апсолутни токсини , особено ако го загревате неколку пати. Обрнете посебно внимание на кромидот, морковот, целерот и зеленото овошје.
3. Компири
Компирите можете да ги чувате на многу начини, но внимавајте кога станува збор за загревање. Здрава храна која сите ја сакаат, но ако ја загрееме ги губи хранливите материи, а може да се развијат бактерии кои не се добри за организмот.
4. Печурки
Тие се јадат веднаш по подготовката, тоа е старо правило кое веруваме, го знаете сите. Ако ги подгревате печурките, може да дојде до проблеми со системот за варење.
5. Спанаќ
Спанаќот не е пожелно ниту да го оставате за ден потоа, а ниту пак да го загревате повторно. Кај спанаќот хранливите материи посебно се претвораат во канцерогени.
6. Растително масло
Маслото кое повторно ќе го користите за пржење или готвење создава опасни транс масти. Најдобро е да не го користите повеќе од еднаш и да го фрлите веднаш по првата употреба.