Воздухопловството моментно минува низ голема трансформација, според Здружението за воздушна и вселенска индустрија од Америка кое ги претставува производителите на авиони и вселенски системи.
Во текот на следните две децении автономните авиони ќе бидат сеприсутни, преземајќи индустриски работни места кои се премногу тешки за луѓето и транспортирајќи товар помеѓу логистичките центри. Во зависност од прифаќањето на јавноста, овие „робо-авиони“ би можеле да превезуваат патници низ градовите, објави Американската асоцијација за воздушна и вселенска индустрија (AIA).
Промена на улогата на пилотот
Производителите на електрични VTOL, како што се „Џоби авиејшн“, „Арчер“ и „Лилиум“, во моментов планираат да лансираат воздушни такси-услуги со човечки пилоти, но со текот на времето имаат намера да ги отстранат од кабините. Се разбира, според гореспоменатиот извештај на AIA, тоа не значи дека луѓето нема да бидат вклучени во летовите на авионите.
Во автономниот лет нема ништо беспилотно, велат авторите на извештајот, поентата е дека во иднина луѓето ќе бидат повеќе набљудувачи отколку управувачи. Од друга страна, се предвидува дека до 2040 година ќе бидат отворени дури 100.000 работни места за поддршка на автономната авијација, од инженерство, преку развој и одржување на софтвер, до логистика.
Да се обучат пилотите кои истовремено од земјата ќе ги контролираат траекториите на неколку авиони, не е најтешко. Потешко е да се направат автоматизирани системи што ќе ги задоволат тековните безбедносни стандарди.
Целиот текст е на usb.mk