Пицата е универзално јадење кое го сакаат скоро сите народи.
Кога луѓето првпат почнале да јадат пица, веројатно не претпоставувале дека еден ден таа ќе биде доставена до адресата на клиентот, во автомобил што управува самостојно. Пица како што знаеме постои од 1700-тите, а се верува дека жителите на италијанскиот регион Кампанија први јаделе нешто слично на денешната пица. Овој тренд заживеа во Неапол, во 18 век. Јадењето се состоеше од рамни лебови и разни додатоци, па не е изненадувачки што дури и денес наидуваме на пици со “дебело тесто“, што всушност не е грешка. Додатоците што доминираа во тоа време биле оние од домати, сирење, лук.
Пицата станала популарна во САД во 19 век, благодарение на италијанските имигранти. Според податоците во 1905 е отворена првата пицерија во САД, а ја основал Џенаро Ломбарди.
Колку тежи пазарот?
Пазарот за пица не престанува да расте. Во текот на 2019 година, само американскиот пазар оствари приход близу 47 милијарди долари, при што просечната цена на пицата е 11,23 долари (продадени се 4,1 милијарди пици).
Годишната продажба на глобалниот пазар за пица денес достигнува 145 милијарди долари, а надвор од границите на Европа, најголем пазар е Северна Америка. Западна Европа генерира продажба од 54,4 милијарди долари.
Дали бизнисот со пица успева?
Најголемите американски ресторани за пица работат низ целиот свет, и тоа многу успешно. Pizza Hut и Domino’s имаат по 10. 000 ресторани надвор од САД, со посебен фокус на Кина. По Американците, зборот “пица“ најчесто се внесува во Google од Канаѓани. Потоа следуваат Порториканците, Новозеланѓаните и Данците.
Само во Соединетите Држави, во пицерии работат повеќе од еден милион луѓе.
Интересно е што сите сакаат пица, но тоа не значи дека бизнисот со пица ќе му успее на секого.
Статистичките податоци велат дека 50% од пицериите престануваат да работат во првите пет години од работењето. Не е лесно да се поверува во ова, имајќи предвид дека се продаваат 13 милиони пици за време на секое натпреварување во Super Bowl и тоа е “вториот најголем ден на потрошувачка на храна“, по Денот на благодарноста во Америка.