Малкумина се ние кои не го слушнале името на Славчо Поповски, а многумина се оние кои токму нему му се обраќаат да го прашаат - Дали ќе врне утре?
Неговите предвидувања за тоа какво ќе биде времето ги читаме насекаде, медиумите ги пренесуваат а често и се повикуваат на него како извор. Ова е приказната за момчето чија љубов кон метеорологијата започната уште во основно го направи човек од доверба а неговото хоби професија од која заработува.
По професија Хемиски техничар со планови да се запише и да заврши високо образование односно да се запише на факултет и тоа на смерот за метеорологија.. Што се однесува до Управата за хидро метеоролошки работи (УХМР) нема никаква поврзаност ниту контакт и соработка...
Вели дека сака да остане Сам свој Газда но секако со диплома во рака!
-Се започна пред 10 - 15 години кога започнав да се занимавам со метеорологијата и тоа само од хоби а инаку од секогаш најмногу сум ја сакал. Го започна своето раскажување момчето на кое цела Македонија му верува кога ќе ја каже временската прогноза.- Како најпознат метеоролог стигнав навистина премногу тешко со премногу напорна работа (24/7), за прв пат во јавноста се појавив во август 2016 година кога се случија катастрофалните поплави во Скопје во кој животот го изгубија повеќе граѓани, единствен кој го предвиде тоа страшно невреме и кој предупреди бев токму јас но сепак тогаш луѓето многу помалку ми веруваа и се соочував со многу непристојни и навредливи коментари.
Од кога сето ова се случи стекнав огромна доверба од граѓаните и од тогаш па наваму редовно сум по медиумите, гостувам во емисија на повеќе телевизии и радија. Како што можете и сами да погледнете низ социјалните мрежи насекаде се користат токму моите анализи и прогнози. После сето ова следуваа уште голем број мој успеси и тоа: На два пати го предвидов и погодив невремето во соседна Грција (ланското и годинешното), големото невреме кое исто така ланска година се случи во соседна Албанија како и голем број други временски непогоди.
А не е воопшто лесно како што мислат многумина мора да се биде многу претпазлив.
- До успешен метеоролог и до добивање на довербата од граѓаните може единствено да се стигне само како што претходно кажав со напорна работа, да даваш искрени прогнози без никакви лаги и секако да бидеш крајно претпазлив во текот на анализирањето на времето и редовно да ги следиш секој ново = обновени анализи и навремено да ги информираш граѓаните. Како минува времето оваа работа од хоби се повеќе се ми станува и провесија, имам склучено договор со многу медиуми и заработувам токму од оваа работа.
Славчо вели дека работи сам без ничија помош.
- Временската прогноза и промената на времето ја следам компјутерски преку сателитски и радарски слики како и со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот кој нормално сакаат големо разбирање. Се на се и накратко кажано мојата кариера си ја изградив лично сам нормално со напорна работа и голема љубов кон метеорологијата.
Го прашавме Славчо дали има вистина во муабетите: Ме врти коленото ќе врне!?
-Секако метеопати постојат, ги има во огромен број во државава а доста метеопати има и граѓани кој се доста млади и токму овие луѓе пред некоја промена на времето чувствуваат позначителни значителни проблеми како на пример: главоболки, несоница, повремена нервоза како и како што го нарековте вие (ме врти коленото, ќе врне :) ) тоа поточно ние метеоролозите го користиме и кажуваме како болка во коските и на местата од старите рани.
На нашето прашање кој интернет сајт е најточен кога станува збор за временска прогноза Славчо вели најверодостоен околу прогнозата е Францускиот.
Како успешен млад човек кој од своето хоби направил професија и станал познат го прашавме Славчо што ќе им препорача на младите па и на неговата генерација:
Упорност, упорност и нема откажување! Навистина понекогаш е премногу тешко но не треба во никој случај да се откажуваат туку напротив да се борат до крај и секако секоја напорна работа носи успех како на пример мојата, исто така од некој кој работи само од хоби кој нема некој посебен план околу работата што ја работи секако може да заработува. Во денешно време секако може да се заработува, мојата препорака до сите млади е добро да ја разгледаат мојата приказна и за тоа како сум стигнал до ова и истото да го применат и тие кон работата што навистина премногу ја сакаат. И да веруваат во себе најважно!
-Јас уште од основно училиште многу посакував да станам метеоролог и да бидам најпознат во нашата држава, искрено сето ова не го размислував воопшто дека ќе ми се случи, кога веќе се случи и најголемата желба во животот ми е остварена навистина се чувствувам пресреќно и уживам во популарноста и кариерата и нормално токму вакви успеси им посакувам на сите млади и сите желби кој си ги замислиле во најскоро време да им се остварат.
Каде се гледа Славчо за 10 години?
-За 10 години подоцна би се гледал како дипломиран метеоролог нормално со Господ напред како и со уште поголем бројна успешни прогнози.
А ние Славчо ти ја посакуваме сета среќа на светов, за тоа да ти биде убаво времето ќе се погрижиш сам!
Тимот на Vrabotuvanje.com