ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје - сервисно друштво на Делегацијата на Германското стопанство во Македонија бара за работа од 01.09.2018 Овластен(а) сметководител(ка) со лиценца (Junior) (1 лице)
Основна нето плата: 31.000,00 МКД
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Завршено високо образование (Економски фактултет)
2. Одлично познавање на локалните сметководствени стандарди, сметководствената пракса, како и законските прописи за известување
3. Задолжително познавање на МСФИ стандардите
4. Одлично познавање на работа со компјутер (МС Офис и Интернет)
5. Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и зборување)
6. Познавањето германски јазик ќе се смета за предност
7. Работно искуство од најмалку 3 години
8. Искуство во работа со Pantheon ќе се смета за предност
9. Искуство во работа како регистрационен агент ќе се смета за предност
10. Уверение за овластен сметководител издадено од ИСОС
11. Тимска работа
12. Амбициозна, исполнителна и педантна личност, со способност да работи во динамична работна средина
Работни задачи:
1. Сметководство за надворешни клиенти ( книжење фактури, изводи, патни налози, благајна и сл.)
2. Изготвување на ДДВ пријави
3. Пресметка на плати
4. Изготвување на завршни сметки и финансиски извештаи
5. Изготвување на извештаи за НБРМ и Завод за статистика
6. Изготвување на периодични информации за новини во сметководствените прописи во Македонија за потребите на клиентите
Потребни документи за аплицирање:
- Мотивационо писмо на англиски или германски јазик
- Биографија на англиски или германски јазик
- Копија од Уверение за завршено образование
- Копија од Уверение за овластен сметководител
- Фотографија не постара од 6 месеци
Документите да се достават на мејл најдоцна до 31.07.2018: jobs@mazedonien.ahk.de
Одбраните кандидати ќе бидат поканети на интервју кое ќе се одржи на 07.08.2018
Ве молиме без телефонски повици.
извор: fakulteti.mk
Оглас за вработување! Нето плата: 31.000 денари
Vijest
-
Pabau - Британска компанија со седиште во Скопје го проширува својот тим!
Pabau е компанија која што има седиште во Скопје и Велика Британија. Pabau работи со CRM софтер кој што им помага за полесно функционирање на кликните во Велика Британија. Нивниот тим се состои од над 50 вработени, ќе ни биде мило доколку и ти станеш дел од нив!
-
СКЕНИРАЧИ, ПРОВЕРЕТЕ СИ ГИ СМЕТКИТЕ: Почна исплатата на Мој ДДВ
Денес легнаа парите за дел од граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ.
-
Ова се 13-те најстрашни работни места во светот
Некои од нив предизвикуваат страв само со своето име, а некои навистина се опасни за нашето здравје. TurnerFox објави листа со 13 најстрашни професии во светот.
-
„Се чувствуваме како дома“ – туристи од Истанбул воодушевени од Старата скопска чаршија
Македонија останува омилена дестинација за туристите од Турција, кои и оваа година го предводат списокот на најбројни посетители.
-
Вторник е најпродуктивниот ден во неделата?!
Дали навистина вторник е најпродуктивниот ден во неделата? Според едно истражување, вторник бил најпродуктивниот ден од започнувањето на истражувањето во далечната 1987-ма година, па се до денес.
-
Се снаоѓаат кој како знае и умее: Производителите брзаат да ги продадат јапонските јаболка
Луѓето од околината на Валандово и oд другите делови на Македонија кои произведуваат јапонски јаболка, се трудат што поскоро да го продадат родот. Голем дел од нив не се задоволни од откупот годинава. Јаболката ги нудат на социјалните мрежи, ги носат на пазарите во други градови, ги продаваат преку пријатели, познаници и слично.