Сопственик на автомобил Ферари го искршил своето ново возило вредно 250.000 фунти истиот ден кога го купил. Со него поминал 3,2 километри.
Инцидентот со луксузниот автомобил се случил вчера. Полицијата во Дерби објави фотографии од автомобилот и напиша дека не се работи за првоаприлска шега.
Возачот не бил повреден.
Derby. 1st April. Driver bought a Ferrari this morning and crashed it after driving it less than 2 miles. No injuries. #DriveToArrive pic.twitter.com/X4IMuflPa5
— Derbyshire Roads Policing Unit (@DerbyshireRPU) April 1, 2022