Преспа полека но сигурно го враќа својот сјај.
Туристи има се’ повеќе, а полека се решава и недостатокот со сместувачки капацитети.
Порталот sky.mk пишува за еден новоотворен резорт на Источната страна на езерото:
„Прекрасна плажа со одлично опремен шанк, луксузен ресторан со одлични цени, како и сместувачки апартмани со поглед кон преубавото Преспанско езеро. Според она што можевме да го видиме, на брегот на Преспанското езеро уживањето е буквално за “џабе”.“
Погледнете ги цените и уверете се.
Макијато и еспресо за 40 денари, Кока кола и фанта за 50 денари, Скопско за 70 денари. Ловечката (шарска плескавица) изнесува само 90 денари
Целиот текст може да го прочитате на sky.mk