На денешен ден пред 11 години Факултети.мк се појави на македонската дигитална медиумска сцена и оттогаш станува препознатлив и реномиран портал кој со своите интересни, актуелни и разновидни теми им го привлекува вниманието на читателите. Професионално, одговорно, балансирано, навремено и точно пишува за теми од образованието, науката и културата како примарен фокус на интерес, но истовремено пренесува забавни и интересни информации од сите сфери на животот од светот.
Почетоците како и секогаш беа ентузијастички и тешки, но идејата да се направи портал кој ќе се грижи и ќе ги претставува интересите на студентите, нивните проблеми, нивните желби и успеси, кој ќе ги промовира вредностите во образованието, достигнувањата во науката и културата, ги привлече читателите и достигна читаност од милион посети месечно. - велат од Факултети.мк
Честитки до целиот тим на Факултети.мк и им посакуваме уште многу години успешна работа!