Преговорите за висината на платата се клучен момент со кој се соочуваат сите професионалци без разлика на тоа дали тие се однесуваат на првата плата или подоцна кога станува збор за покачување.
Како и во сите други преговори, така и во овие се постигнува консензус кој на крајот е прифатлив за двете страни меѓутоа секогаш едната страна е позадоволна од другата.
Со цел да го добиете најдоброто од овие преговори, ние ви презентираме неколку фрази кои повеќе може да ви наштетат отколку да ви бидат од корист.
„Прифаќам“ (првата понуда)
Немојте преговорите да ги завршите пред да ги почнете.
Барам Х денари
Морате да оставите простор за преговори. Повеќето експерти се сложуваат дека би било добро да го оставите работодавецот прв да понуди износ па потоа да преговарате.
„Тоа е се што нудите?“
Дури и ако мислите дека износот е смешен никогаш немојте да го кажете ова бидејќи ќе звучи навредливо.
„Имам други, многу подобри понуди“
Дури и ако е вистина, немојте тоа да го користите како аргумент.
„Не“
Ве потсетуваме, станува збор за преговори. Дајте контрапредлог и обидете се да се договорите околу посакуваниот износ.
„Слушам дека на другите им нудите Х денари, а јас сум вреден работник“
Не користете непроверени информации во преговорите и не се споредувајте со другите. Тоа е непрофесионално!
„Најмалиот износ со кој ќе се согласам е…“
Ако го кажете тоа, а работодавецот не се согласи, преговорите се готови, а вие ќе морате да си одите од работа.
Кога преговарате за износот на платата морате да бидете директни, пристојни и кратки во преговорите, покажете дека сте професионалец, способен и вреден член на тимот.