Министерот за внатрешни работи на Косово и министерот за транспорт и дигитална инфраструктура на Германијa потпишаа договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи во двете земји.
Во објава на својата страница на Фејсбук, министерот го оцени постигнувањето на договорот како „еден од најзначајните и најолеснителни процеси за косовските иселеници.
– Нашите иселеници придонесуваат многу за нашата земја, но и за државите во кои живеат. Олеснувањето на животот и работата на нашето иселеништво е пред се наша обврска, која треба да се реализира со нашите сојузници, во сите земји во кои тие дејствуваат, напиша министерот.
извор: biznisvesti.mk