![Дел од Тафталиџе денеска без вода](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d4/ef4a5f4d-resize-820x0x100.jpg)
Поради изведување приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Осло” број. 29 во скопската населба Тафталиџе, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Бањалучка”.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот, па до завршувањето на работите.
извор: biznisvesti.mk