![Сончево и потопло време со слаб ветер](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b5/28493d5b-resize-820x0x100.jpg)
Времето во Македонија денеска наутро ќе биде постудено, а преку денот сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје, сончево и потопло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно и сончево време со пораст на дневните температури.
извор: mkd.mk