![„Паднаа“ маските во затворен простор](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c5/90089f5c-resize-820x0x100.jpg)
Маските ќе бидат задолжителни само во јавниот превоз (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост.
По предлог на Комисијата за заразни болести, вчера беше прифатена и одлуката за укинување на забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.
извор: lokalno.mk