Тие знаат дека лицето на ресторанот се нивните вработени, тие знаат дека амбиентот и изгледот е она што ги тера луѓето да влезат , добрата храна, е она што ги тера да останат но добрата услуга е она што ги тера гостите да се вратат повторно! А услугата зависи од вработените, келнерите, готвачите па менаџерите.
Тие се La Terrazza, елегантен ресторан сместен на само неколку метри од Плоштад Македонија, познат по автентичните вкусови на италијанската кујна, љубезниот персонал, брзината на услугата и сето тоа надополнето со прекрасниот смирувачки амбиент.
Преку ден се погодни за одличен појадок за добар почеток на ден на пладне за деловни состаноци и деловни ручеци,а навечер роматична вечера, семејни средби, оддишка после напорниот ден или само чаша добро вино.
La Terrazza,сака да им го понуди најдоброто на своите клиенти затоа својот тим го креира внимателно и прецизно. Го одбира најдоброто а за тоа на своите вработени им нуди висока и редовна плата –затоа што знаат дека задоволниот вработен прави задоволни муштерии!
Во моментов La Terrazza бара КЕЛНЕРИ кои точно ќе с е вклопат во севкупниот опис на ресторанот.
Културни, љубезни, дискретни а насмеани, брзи а внимателни, коректни и лојални и подготвени да заработат добар бакшиш. Платата која ја нудат е од 24.000 до 30.000 денари.
Униформата е обезбедена, ви треба добра волја и желба да почнете веднаш!
Овде аплицирајте... И се гледаме во LA TERRAZZA!