![Повисоки плати за вработените во Пошта од јуни и август, понудено е решение за прекин на штрајкот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/87/ab033778-resize-820x0x100.jpg)
Зголемување на платите за 3.000 денари за вработените во технолошкиот процес во „Македонска Пошта“ од 1 јуни , а за останатите од администрацијата 1 август. Ваков предлог добил Синдикатот на поштата од страна на раководството за прекин на штрајкот кој почна денес.
Претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов на прес-конференција истакна дека утрово интензивно преговарале со раководството. Откако официјално ќе ја добијат понудата и ќе ја потпишат спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, но претодно неопходна е консултација со синдикалните организации за предлогот.
До потпишувањето на спогодбата, штрајкот е во тек, изјави Велигденов.