Правиме воодушевувачки, значајни работи секој ден, но во мали дози. Создаваме живот, семејство, кариера, поглед на свет, наследство – сето тоа во мали залаци што можат да се менаџираат во моментот, а сепак со огромно влијание на долг рок, смета Џосеф Фериоло, директор на Wise Business Plans.
Вклучете ги работите, ставете брзина, најдете почетна точка и тргајте.
Тоа не значи дека е лесно или дека работата не е вклучена во ваквиот план. Но, кога создавате мал бизнис, серија чекори се нешто што можете да го менаџирате, наместо да трчате нагоре по бескрајни скалила.
Во духот на извршување на задолженијата продуктивнo чекор по чекор, еве осум чекори што препорачуваме да ги направите кога започнувате сопствен мал бизнис.
Имајте стратешки бизнис план
Бизнис планот е живата структура на вашата компанија. Тој создава пат, одредува маргини, конкуренција и предности пред конкурентите. Исто така, го користите планот за да ја споделите вашата визија пред потенцијалните инвеститори, службениците во банка што треба да ви одобрат заем, па дури и нови менаџери во компанијата или експерти за брендирање.
Инкорпорирајте ја вашата компанија
Процесот на формирање бизнис може да биде договорен со професионалци или можете вие да се справувате со него дел по дел. Ако работите со компанија која нуди ваков вид услуги, таа може да се справи со многуте задачи поврзани со чекорите што ве чекаат. Освен ако планирате да работите како единствен сопственик, што значи дека треба да почитувате поинакви правила, а тоа често пати може да биде менаџирано на истиот начин како и хонорарна работа, ќе сакате да создадете друштво со ограничена одговорност или корпорација со ограничена одговорност.
Извадете даночен број
Во повеќето случаи, сопственик на мал бизнис ќе треба да аплицира за даночен број, кој се користи од страна Управа за јавни приходи за да ги примени законите за даноци.
Земете деловна дозвола
Барањата за деловна дозвола можат да се разликуваат во зависност од државите и од видот на бизнисот што планирате да го започнете. На пример, во некои држави единствените сопственици треба да извадат деловна дозвола (иако одредени компании и услуги имаат поединечни барања за дозволи). Ова е една од услугите која може да се обезбеди од компанија што помага при создавање фирми, па дури и да се погрижи да ја обезбеди дозволата во ваше име.
Создадете бренд
Брендирањето е повеќе од чисто, привлечно лого и стандарден сет бои што ги користите за пакување на производот, визит картички и вебсајт. Тие работи се неопходни, и често пати занемарени. Станува збор и за тонот на зборовите во вашите рекламни материјали и како вашите слики, графички материјал и производи ги тераат клиентите и муштериите да се чувствуваат како дел од вашиот бренд. Одлучете каква ќе биде емоционалната резонанца на вашата компанија и потоа користете ја да ги поткрепите сите избори за брендирање. Кога ќе одлучите за изглед и чувство, држете се до нив. Постојаноста во испраќањето пораки е клучна за свесноста за брендот во јавноста.
Креирајте вебсајт
Добар деловен вебсајт е повеќе од должна задача за сопствениците на бизниси во 2021 год. Тој е во основа фундаментален дел од процесот на создавање бизнис и е речиси невозможно да водите ефикасен бизнис без него, а уште помалку да постигнете раст и да ги остварите потенцијалите за продажба. Ангажирајте реномирана компанија што може да би ги обезбеди сите тие услуги, работете со талентиран хонорарец или дури создадете ефективен визуелен стил за почетната страница на вебсајтот; сторете се` што треба, но бидете присутни на интернет и имајте функционален сајт пред официјално да почнете.
Отворете деловна сметка во банка
Ова може да ви се чини како дополнителен чекор кога сте се задлабочиле во планирањето бизнис, но одбирањето банка што ќе направи екстра чекор за мал бизнис е витално за вашиот успех. Побарајте специјализирани сметки за бизниси со ниски давачки, мали почетни депозити. Пристапност до банкомати во вашата област, сметки преку кои можете да заработите преку каматата и алатки за онлајн или мобилно банкарство го олеснуваат процесот на создавање мал бизнис.
Планирајте и спроведете стратегија за дигитален маркетинг
Во денешно време сите компании или веќе се дигитализирани или размислуваат да бидат; не се работи за тренд или нешто ново што сите го сакаат. Дигиталниот маркетинг, без разлика дали станува збор за наоѓање инфлуенсер со кој можете да склучите партнерство или за создавање на вистинскиот глас за социјални медиуми, ќе игра централна улога во промоцијата на вашиот бизнис. Побарајте маркетинг менаџери кои се агилни и способни да држат чекор со постојаните промени во социјалниот свет. Шансите се големи дека таквите менаџер ќе бидат способни да се справат со кои било други маркетинг потреби што ги имате и дури можат да предложат нови канали за раст на базата на вашите клиенти.
Имањето бизнис е доживотен проект и сопствениците на мали бизниси ги вложуваат срцето и душата во нив секој ден одново и одново. Но, скокот во претприемништвото не мора да биде скок воопшто.