За возењето во виенското метро со линијата U6 во жешките летни денови да биде што попријатно, градското сообраќајно претпријатие „Виенски линии“ на патниците овие денови ќе им додели повеќе од 14.000 бесплатни дезодоранси во стик.
Со оглед на фактот дека линијата U6 на поедини делови вози и над земја, вагоните многу брзо се загреваат.
Во моментот само околу 50 отсто од возовите на таа линија се климатизирани, додека прозорците на преостанатите возови се облепени со заштитна фолија со помош на која температурата може да се намали за четири степени.
Во рамките на пилот проектот се тестира обновувањето на опремата за во иднина сите возови да бидат климатизирани. Дотогаш возењето, со користењето на дезодорансите за патниците, во жешките летни денови би требало да биде попријатно.
Главниот град на Австрија оваа година прослави 40 години од постоењето на подземната железница. Денешниот виенски „U-Ban” има вкупно пет линии, 109 станици, вкупна должина од 83 километри, а само во 2017 година превезол околу 450 милиони патници.
извор: skopje24.mk