Дамила е нова ИТ компанија на македонскиот пазар, основана со британски капитал од г. Иан Бишоп - „Нашата цел е да изградиме извонредна софтверска компанија, со ангажирање на најдобрите луѓе, користејќи ја најдобрата технологија за долгорочни клиенти, каде што на секој вработен ќе му помогнеме да го достигне својот потенцијал“
На македонскиот пазар од неодамна со работа започна нова ИТ-компанија „Дамила“. Компанијата е основана со британски капитал од г. Иан Бишоп, кој истовремено е и нејзин извршен директор. Бишоп има долгогодишно работно искуство во Македонија и зад него стојат бројни успешни проекти во ИТ-индустријата.
Iain Bishop - основач на Дамилах
„Дамила“ склучи повеќегодишен договор за развивање заеднички проект со најголемата EdTech компанија во Европа за унапредување на нејзиниот водечки производ на пазарот. Повеќе мешани тимови работат на неколку клучни аспекти за усовршување на оваа cloud native next generation платформа. Едукативната платформа веќе се користи во над 19.000 училишта, вклучувајќи и 700 неазвисни и повеќе интернационални училишта во Обединетото Кралство и во 48 други земји. Главната цел на долгогодишниот инвестициски проект е континуирано усовршување на образовната платформа, што ќе предизвика вистински промени на британскиот пазар и уште повеќе ќе ја зацврсти доминатната позиција на бизнис-партнерите во наредните години.
„Нашата цел е да изградиме извонредна софтверска компанија, со ангажирање на најдобрите луѓе, користејќи ја најдобрата технологија за долгорочни клиенти, каде што на секој вработен ќе му помогнеме да го достигне својот потенцијал. Во нашата компанија луѓето се многу важни, но истовремено се стремиме кон создавање на комплетни, иновативни и квалитетни решенија за нашите клиенти. Нашата цел е да се позиционираме на македонскиот пазар како компанија која нуди најдобри услови за работа“, вели Иан Бишоп, основач и извршен директор на „Дамила“.
Компанијата е присутна на пазарот само неколку месеци, но нејзиното јадро го сочинуваат искусни и докажани професионалци во ИТ-индустријата. Културата на компанијата е фокусирана на вработените и нивниот професионален и личен развој, обезбедувајќи искуство кое е продуктивно и забавно каде луѓето се чувствуваат поддржани и згрижени. Во „Дамила“ постојано се работи на создавање позитивна работна средина, поттикнување на соработка меѓу тимовите, пренос на знаења и мотивација на индивидуалците. Компанијата смета дека клучот на успехот е во постојаната надградба и усовршување на тимовите и затоа на секој вработен му се овозможуваат бесплатни годишни обуки и тренинзи.
Со јакнењето на тимовите, на вработените им се нуди автономност и можност да преземат одговорност за проектот од самиот почеток до испораката на крајниот производ, притоа гарантирајќи им дека на располагање ги имаат сите најсовремени технологии и алатки потребни за развивање квалитетен софтвер.
Покрај можностите за професионална надградба, вработените можат да остварат и подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот. Можноста за хибридно работење нуди поголема слобода во планирањето на нивното време и усогласување на професионалните со приватните обврски. Истовремено, за сите кои имаат потреба од структуриран работен ден и преферираат да работат во канцеларија, „Дамила“ обезбеди модерно опремени канцеларии во центарот на главниот град.
Компанијата го поддржува и поттикнува здравиот дух и здравиот начин на живот кај вработените. Покрај приватно здравствено осигрување, се нуди можност за спортување преку фитнес-програма која можат да ја искористат на повеќе локации во нашата земја.
„Дамила“ веќе има 30-тина вработени, а бизнис-плановите предвидуваат оваа бројка неколкукратно да се зголеми во наредните две години. Во моментов имаме повеќе отворени работни позиции, кои ги објавуваме на нашата веб-страница https://damilah.com/, како и на нашите социјални профили.
Станете дел од тимот на Дамила!