![Maкедонка стана мајка на 49 години - по долга борба со неплодност го доби божјиот дар Божидар](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f7/6e3ffa7f-resize-820x0x100.jpg)
„Господ ѝ го донесе божјиот дар Божидар на 49-годишна пациентка“, жена од Македонија стана мајка за првпат по неколку неуспешни ин витро оплодувања.
Соништата се остваруваат, само ако сме истрајни, а за тоа доказ е жена од Македонија која стана мајка за првпат на 49 години.
Од болницата, каде е сопроведено ин витро оплодувањето објавија:
„Господ ѝ го донесе божјиот дар Божидар на 49-годишна пациентка. По пат на ин витро оплодување, во болницата Плодност беше зачнат Божидар. Пациентката има 49 години и долго време се бореше со неплодност. Направила претходно неколку ин витро оплодувања, но неуспешни, на друго место. Оваа наша успешна приказна е уште една бременост и породување на прворотка која има 49 години. Породувањето беше направено со царски рез, а пациентката одлично ја поднесе бременоста со оглед на возраста.“