„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
“Dysania” is the state of finding it hard to get out of bed in the morning.
Пред некој ден го прочитав ова на Твитер (преземено од @Fact) и си се најдов во оваа ситуација, но знам и дека не сум единствен, затоа што речиси секој ми се пожалил дека има периоди во животот кога едноставно не му се станува од кревет. Што се однесува до овој период од годината, не знам дали е до топлото или дека е период на одмор или, пак, нешто друго, но наутро ми е некако тешко да станам.
Поттикнат од ова, но и од предходно, почнав да се прашувам себеси, што е проблемот, па сфатив дека кај мене се микс од повеќе причини, барем за периодов (топло, одмори, порелаксирано на работа итн.), но оваа ситуација ме заинтригира.
Прво, да напишам неколку реда што може да биде причина за тоа зошто не ви се станува од кревет, па тоа може да бидат од умор, не ја сакате работата, мрзеливи сте, болест (психичка или физичка), и друго... Но, секако, најважно е прво да се фокусирате на причините, па после тоа како да станете од кревет насмеани, односно да не ги мразите сите околу вас:
- Планирајте го наредниот ден однапред – доколку можете, направете план за наредниот ден уште од вечерта. Со тоа ќе знаете зошто треба да станете веднаш и да започнете со извршување на обврските кои сами сте си ги дале.
- Светлина – не дозволувајте да спиете во темна просторија, затоа што тоа во текот на утрото ви дава чувство дека надвор е сè уште темно
- Аларм – едно време го мразев алармот на саатот што ме будеше сè додека не најдов опција дека може да ме буди и некоја песна што ја сакам... сега, многу често знам да си нагодам некоја музика која во тој период ме расположува, колку толку!
- Консумирање храна – велат дека консумирање храна веднаш пред спиење не е добро за сонот и дополнително влијае на уморот од сабајле, а дополнително на тоа е и тешката и мрсната храна. И така е, од искуство ви зборувам. Но, од искуство ви кажувам, дека консумирање на вода пред спиење е добро, но и премногу вода ќе ве тера да станувате во текот на ноќта и после тоа сабајлето сте ненаспани.
- Алкохол и кофеински пијалаци – од искуство кажувам, треба да ги избегнувате или ако веќе ги консумирате (алкохол навечер), тогаш бидете подготвени дека станувањето следниот ден ќе ви биде навистина тешко!
- Телефон – избегнете телефон пред спиење или, ако сакате да се одвикнете, направете го екранот на телефонот црно-бел, ќе ви помогне. Мене ми помогна иако на почеток беше чудно.
- ТВ – во собата за спиење никако ТВ, тоа само уште повеќе го одложува периодот на заспивање, а тоа влијае на утрото...
- Порано од предвиденото – ако веќе никако не можете да се натерате да станете, наместете го алармот да ѕвони порано отколку што треба. Така ќе си дадете можност за да „поспиете” или „полежите” уште малку пред да станете.
Но, сепак, најважна причина поради која не ви се станува од кревет, понекогаш може да биде и само од умор или едноставно, да не ми се станува од кревет и сакам да го преспијам/прележам денот. Но што и да е, ви посакувам добро утро!
Со успех во промените
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг