Македонски Телеком на своите Smart и Magenta 1 корисници им нуди нова опција VIDEO со која неограничено ќе можaт да гледаат видео содржини од Youtube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на својот смартфон, без притоа да трошат од мобилниот интернет вклучен во претплатата.
Опцијата Video е за сите оние кои не можат да се разделат од најновите хитови на Youtube каналите на светските музички ѕвезди, оние кои сакаат да ги следат најгледаните ТВ серии на Netflix и HBO GO, како и сите оние кои сакаат да се информираат преку содржините на MaxTV GО.
За да можете да ги гледате содржините на Netflix, HBO GO и MaxTV GO потребно е да сте регистриран корисник на овие стриминг сервиси. Услугата не го троши мобилниот инернет вклучен во пакетот, но потребно е да имате мобилен интернет таа за да може да функционира.
За оваа опција не ви се потребни инсталации и ажурирања на смартфонот, зашто функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем.
Месечната цена за опција Videо е 99 денари во Smart и Magenta 1 M, додека за корисниците на Smart и Magenta 1 L, опцијата е достапна за 0 денари.
Опцијата Videо се активира со повик кон 122 или во Телеком продавниците.