Британските лекари веруваат дека ја документирале најдолгата регистрирана инфекција со коронавирус кај пациент кој имал забележливи нивоа на вирус повеќе од 16 месеци, или вкупно 505 дена.
Неименувано лице кое боледувало од вирус повеќе од една година на крајот починало во болница во 2021 година.
Иако повеќето луѓе го лекуваат вирусот по природен пат, овој пациент имал сериозно ослабен имунолошки систем. Тој се заразил со коронавирусот на почетокот на 2020 година, а откако ги добил симптомите инфекцијата ја потврдил со ПЦР тест.
На секој тест, околу 50 вкупно, тестовите за вирусот биле позитивни, што значи дека пациентот продолжил цело време да се инфицира со коронавирусот.
„Постојаните инфекции како оваа сè уште се ретки“, велат медицинските лица од Лондон.
Научниците од King's College и Guy's and St Thomas' NHS Foundation Trust велат дека деталната лабораториска анализа покажала дека станува збор за иста, постојана инфекција, а не повторливи инфекции.
Пациентот не можел да се ослободи од вирусот дури и по примањето антивирусни лекови, а неговиот случај, тврдат тие, се разликува од „долгиот ковид“, каде симптомите опстојуваат и по исчезнувањето на инфекцијата.
„Тоа беа тестови со брис од грло кои секој пат беа позитивни. Пациентот никогаш немаше негативен тест. И можеме да кажеме дека тоа беше континуирана инфекција бидејќи генетскиот потпис на неа - информациите што ги добивме од секвенционирањето на вирусниот геном - кај него беа единствени и константни“, изјави за BBC Лук Благдон Снел, еден од медицинските експерти.
Продолжените инфекции се ретки, но важни, велат истражувачите, бидејќи може да доведат до нови варијанти на коронавирусот, иако тоа не се случи во овој случај.
„Некои од пациентите што ги проучувавме имаат мутации кои се забележани во некои варијанти кои предизвикуваат загриженост“, додаде д-р Снел.
Иако некои од испитуваните пациенти имале одредени варијанти кои биле загрижувачки, тој истакна дека ниту еден од нив досега не создал нова опасна варијанта.
Научниците одлучија наодите да ги претстават на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести во Лисабон, а последниот човек кој најдолго бил заразен со коронавирус бил болен 335 дена.