Да се биде дел од тимот на Жито Маркети значи да се работи за работодавач кој се грижи за своите вработени и нивната благосостојба
Жито Маркети е семејна компанија основана во 1988 година. Денес, компанијата “Жито” располага со 60 маркети низ Македонија и има преку 900 вработени. Со над 30 години успешна работа, „Жито“ е препознатлив бренд во својата област, а ова го докажуваат и многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015).
Да се биде дел од тимот на Жито Маркети значи да се работи за работодавач кој се грижи за своите вработени и нивната благосостојба
Не случајно долгите години успешна работа резултираат со константен раст на компанијата и проширување на тимот, па денес Жито има тим од над 900 вработени од цела Македонија. Тимот на Жито постојано работи на креирање и унапредување на бенефициските и бонусните програми за своите вработени.
Што Жито им нуди на своите вработени?
Бонусна програма на Жито Маркети опфаќа финансиски буџет кој го поседува секој супемаркет, а секој вработен добива бонус во зависност од учиникот за тековниот месец. Исто така раководителите добиваат дополнителни финансиски стимулации и квартални бонуси.
Жито е една од ретките компании од оваа дејност кои имаат и Програма за лојални вработени која опфаќа:
- обезбедено приватно здравствено осигурување за сите лојални вработени
- одбележување на родендени со пригодни подароци за секое дете на вработен до 5 годишна возраст
- на месечно ниво до 1 година за секое дете на вработен се обезбедуваат најнеопходните потребни работи како пелени и влажни марамици
- одбележување роденден со пригоден подарок за секој вработен
- пакет производи за најголемите верски празници
- вредносен ваучер за склучување брак
- дополнителна финансиска стимулација за сите вработени кои се над 10 години во компанијата
- животни полиси за менаџерите
- исплата на к15 повисок од пропишаниот
Од компанијата најавуваат дека активно работат и на трета програма за грижа за вработените.