Според добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола водата во град Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје".
Од kanal5.com.mk известуваат:
Неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во кој се обработени 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за
пиење од 41 мернo местo во град Скопје, земени во период од 18-23 април, покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Извор: kanal5.com.mk