Извештајот се заснова на статистика за помош на пат и вклучува 132 модели стари од три до десет години. Единствениот услов беше споменатите модели да имаат најмалку 10.000 регистрации во една од набљудуваните години.
Како и претходната година, најчести дефекти се на акумулаторот, со учество од дури 46,2% од 3,49 милиони откриени дефекти. Благиот пораст на бројот на дефекти на акумулаторите се објаснува со пандемијата, односно со фактот што повеќе автомобили стоеја долго време за време на локдаун мерките, што може да биде поразително за електричните уреди.
Во секој случај, статистиката потврди дека расипливоста се зголемува со староста на автомобилот, особено кај акумулаторот, кој е клучен веќе седма година. Проблемите со алтернаторот почнуваат од четвртата година, а проблеми со пумпата за гориво очекувајте од десеттата година.
Забележете исто така дека причините за „дефект“ како што се празен резервоар за гориво и дупната гума не беа земени предвид.
Најдобрите и најлошите модели
Студијата покажа дека цената не влијае директно на доверливоста на возилото. Така, Dacia Sandero доби многу добри оценки, а и Duster помина солидно.
Од друга страна, на листата на модели кои не се прославија, има дури два на Toyota, и двата поради проблеми со акумулаторот.
Во секој случај, доколку купувате автомобил, погледнете ја оваа статистика изразена според староста, може да ви помогне при изборот на оптимален модел.
Целата статистика можете да ја видите ТУКА.