Ако изминатиот период работевте напорно и се трудевте да бидете унапредени, сигурно ве интересира кои се знаците кои вашиот надреден ќе ги покаже пред да ве промовира на повисока позиција.
Според Business Insider, комбинацијата на овие 15 знаци дефинитивно значи дека ќе ве унапредат на работа.
- Одеднаш ве покануваат на состаноци на кои никогаш порано не сте присуствувале
- Ви нудат да бидете на чело на некој проект или специјална задача со дополнителни одговорности
- Вашиот шеф е унапреден (доколку имате добра соработка голема е веројатноста и вие да бидете искачени една скала погоре)
- Ве запрашале за вашите долгорочни кариерни планови
- Вашиот шеф или надреден ве поканува на заеднички ручек
- Ве праќаат на обуки, тренинзи или конференции кои ќе ги подобрат вашите вештини
- Ве замолат да им помогнете (да ги обучите) вашите колеги
- Ви обрнуваат големо внимание
- Многу често сте запрашани да дадете свој инпут
- Сите ве фалат, дури и јавно
- Компанијата рапидно се шири
- Надредените одеднаш како да обрнуваат премногу внимание на вас
- Имате висока емоционална интелигенција
- Ги почитувате другите и не подлегнувате на секојдневни расправии во канцеларија
- Пополека почнувате да превземате одговорности коишто не сте ги имале претходно
Доколку препознавате некои од овие знаци не се плашете да побарате покачување или унапредување.