Ист Гејт Мол (East Gate Mall), една од најголемите инвестиции на групацијата БАЛФИН, предводена од бизнисменот Самир Мане, веќе ги надмина очекувањата за првите шест месеци од отворањето. Со Игор Давков, извршен директор на компанијата, зборуваме за постигнувањата и натамошните цели на грандиозниот трговски центар, покрај кој наскоро ќе никне едно од најсовремените соседства во Скопје.
Меѓу другото, Давков открива дел од иновациите што наскоро ќе бидат воведени во работата на овој модерен мултифункционален комплекс кој се протега на површина од 57.000 квадратни метри, со богато портфолио на продавници, кој веќе е омилена дестинација на локалните жители, но и на посетителите од Косово, Албанија, јужна Србија и пошироко.
Дали се постигнати целите и очекувањата за првите шест месеци од отворањето на Ист Гејт Мол?
- Ист Гејт Мол почна да работи кон крајот на есента 2021 година, обединувајќи ја различноста на стотици модни, спортски и забавни брендови. Го отворивме во период кој воопшто не беше лесен. Тоа беше период од пандемијата со висок број нови случаи и со мошне обемна листа на рестрикции. Сепак, презедовме мерки на претпазливост и покажавме грижа кон закупците и кон клиентите и обезбедивме соодветна функционалност, безбедност и сигурност за посетителите. И покрај многуте предизвици, трговскиот центар прими повеќе од 150.000 посетители во првиот викенд од отворањето. Беше предизвик да се обезбеди беспрекорна услуга за закупците и посетителите, но нашиот динамичен календар на настани и активации обезбеди постојан пораст на бројот на посетители во месеците по отворањето. Последните два месеци беа особено динамични бидејќи посетителите почнаа да го доживуваат трговскиот центар како нивна нова шопинг дестинација во градот. Пополнетоста на трговскиот центар со трговски продавници е повеќе од 90%, а со долгоочекуваниот влез на пазарот на H&M и со отворањето на киното до крајот на 2022 година, ќе биде целосно изнајмен.
Како се менуваше трендот на посетеност од месец во месец?
- Над половина милион луѓе во просек го посетуваа трговскиот центар во зимските месеци. Трендот на посетители расте секој месец. Нови луѓе доаѓаат да ја видат и искусат нашата содржина. Наша цел е оваа година да достигнеме 8 милиони посетители, а следната година да го зголемиме бројот на посети на 10 милиони. Бидејќи сезонските временски услови се подобруваат и мерките за Ковид се намалуваат, многу жители од различни делови на земјата и од соседните земји почнаа почесто да нè посетуваат.
Целото интервју е на sitel.com.mk