Аранжманите кон соседна Грција, но и Турција се најбарани.
Ова може да се заклучи од побарувањата кои ги имаат туристите кон агенциите.
Продажбата на аранжманите во еко на сезоната е скоро распродадена или околу 90 проценти од аранжманите.
- Иста е побарувачката како минатата година, нема некое опаѓање. Аранжманите се продаваат. Авионите се полнат околу 90 проценти. Не можеме да кажеме дека до крајот на септември сме полни, но сместувачките капацитети се полнат, велат од туристичката агенција „Фибула“, пренесе МИА.
Најмногу се бараат сместувачките капацитети во соседна Грција, но годинава зголемен е интересот и за Турција каде се нудат пакети со авионски превоз и хотелско сместување за релативно пристојни цени. Се нудат Кемер, Аланија, Кушадаси со понуди „all inclusive“ и „ultra all inclusive“. Одмор во солиден хотел со „all inclusive“ понуда за седум дена во Турција во просек чини околу 400 евра со авионски превоз и сите дополнителни трошоци.
Интересот за Грција е константен, иако годинава аранжманите се поскапи за разлика од лани и како новина воведена е туристичка такса чија висина се движи од 0,5 до 4 евра во зависност од сместувањето.
faktor.mk