![Србија, од утре, ги укинува мерките за влез во државата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f1/0299251f-resize-820x0x100.jpg)
Од вторник, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, во врска со заразната болест Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград.
-Важно е да се напомене дека оваа одлука не значи дека пандемијата на корона вирус е завршена и дека граѓаните не треба да се грижат за своето здравје. Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Ковид амбулантите, пунктовите за тестирање на вирусот Ковид-19 и пунктовите за вакцинација продолжуваат да работат вообичаено, соопштија од владата.