А ако бидат фатени дека немаат ќеса за измет добиваат казна од 38 евра
Луѓето кои ги шетаат своите кучиња се должни веднаш, на секој соодветен начин, согласно градската уредба од 11 април да го собираат животинскиот измет од улиците, парковите, градините и слични места. Казната од 750 евра е веројатно највисока во Франција“, смета градскиот советник задолжен за прашања за животните, ветеринарот Лоик Домбревал.
„Кучешкиот измет може да биде вистинско зло во градовите, што на крајот резултира со стигматизирање на кучињата и особено на нивните сопственици“, изјави тој за АФП. Како поддршка на воведувањето на новата мерка, градската управа на Бержерак вели дека „сакаат да гарантираат безбедност и јавно здравје“.
Градските власти бараат од сопствениците на кучињата кога ќе одат на прошетка со своите миленици да понесат со себе „најмалку две кеси“ за собирање кучешки измет, кои се делат бесплатно, бидејќи оние што ги немаат се казнуваат со парична казна до 38 евра.
Бержерак се наоѓа на само два часа возење од Бордо и неговите жители живеат главно од туризмот, поради што градските власти посветуваат посебно внимание на чистотата и удобноста на околината.
А како е кај нас?
Законот за јавна чистота на Градот Скопје предвидува 50 евра казна за сите што ќе остават измет од кучиња на јавна површина. Од градот Скопје велат дека во градот има околу 100 канти наменети за оваа намена, а имаат намера да го зголемат нивниот број и да ги постават на повеќе локации. Но, освен канти, треба да се издигне и свеста за одговорно однесување на љубителите на кучиња.
Иако има парк за кучиња со посебни канти за фрлање на ваквиот отпад, неодговорните сопственици ги шетаат своите миленици во парковите каде што си играат деца или се одмораат граѓани, кои можеби не сакаат или се плашат од кучиња. За вакви примери на неодговорно однесување знаат да прозборат и некои сопственици на кучиња што се движат во такви кругови или често одат во паркови каде што ги шетаат своите миленици.
Иницијатива за поголеми казни од 100 до 400 евра имало во Општина Аеродром 2014 но до сега никој не слушнал дека некој е казнет.
Постојат и казни за шетање на куче без поводник, односно ако кучето го шетатате не врзано казната е од 10 до 15 евра, исто не е познато дали некој е казнет!