Исцрпеноста позната уште како Burnout состојба, претставува ментална, емоционална и физичка исцрпеност, предизвикана од долготраен и интензивен стрес поради кој човекот се чувствува неспособен да се справи со постојаните, наметнати барања кои доведуваат до чувство на беспомошност, апатија, огорченост и на крајот до целосна исцрпеност.
По тој повод, ќе се одржи "Burnout колективно врескање" на жените во Белград.
Настанот ќе биде одржан на 7 мај во 15 часот на споменикот на Стефан Немања, пред платото на Собранието и пред Факултетот за ликовни уметности.
Влијанието на модерната технологија и работата се главни виновници за стресот. Според овие фактори, во нас се акумулира напнатост, вознемиреност и стрес со кои немаме време да се соочиме, додека не дојдеме до ситуацијата во која мораме, а потоа најчесто е доцна.
Целта на овај проект е да се променат аспектите на општеството кои колективно не загрозуваат, но прво треба да го премостиме јазот меѓу „јас“ и „ние“. За да се промени нешто, потребно е да се укаже дека има проблем, да се зборува отворено за тоа, и да не се застане тука, туку директно да се конфронтираме. Претставата сака да создаде платформа за отворен дискурс за да се укаже дека има поддршка за оние кои ја бараат. Таа исто така сака да покаже колку е важно да го „подигнеш гласот“, дури и кога тоа не функционира така.
Би се пријавиле ли на ваков настан?