Германскиот сојузен министер за труд и социјална политика Хубертус Хеил сака на работниците кои доаѓаат од странство да им го олесни пронаоѓањето на работа во Германија, но само во одредени дејности.
Во своето интервју за “Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung” се произјасни за добивање на привремени визи за сите оние кои бараат работа за професиите како негувател каде што е евидентен недостатокот на домашна работна сила.
Според него, на работниците кои доаѓаат од странство за да се занимаваат со ваквите професии треба да им се овозможи полесно да најдат работа во Германија, но да се исклучи правото на социјална помош за да не се злоупотреби т.н “барање работа“.
Ова би овозможило странските работници да добијат виза и до пола година со цел да им се олесни начинот на барање работа. Ако тоа не им успее, тогаш се враќаат назад во својата земја – стои во изјавата на Хеил.
Целта на ова е да се намали целокупниот бирократски процес за потенцијално вработување на работници од странство.
Неговата партија има намера да предложи усвојување на овој закон до крајот на годината со која би се редефинирала и имиграцијата на квалификувани работници кои му се потребни на германското земјоделство и на тој начин би се отворила можноста за голем број работници од странство.
Германската канцеларка Ангела Меркел пред новинарите овој закон го претстави како “централен проект“ со кој ќе се занимава нејзината влада.