Носењето маски повеќе нема да биде задолжително на аеродромите и летовите во Европа, објавија денеска Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC).
Новите препораки ќе стапат во сила на 16 мај.
„Од следната недела маските повеќе нема да мора да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти во Европа за јавниот превоз“, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки.
извор: biznisinfo.mk