Во светот остануваат уште две земји каде не се регистрирани заразени со коронавирусот.
Туркменистан е единствената азиска земја која нема потврдено присуство на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани над 7,2 милиони случаи. Имаше спорадични извештаи за жители на Туркменистан кои имале симптоми на коронавирус, па дури и наводни починати, но тамошните власти досега не пријавиле случаи на зараза. Друга држава каде коронавирусот не е потврден е Тувалу и се наоѓа во Океанија. Таа се состои од девет острови и е четврта најмала земја во светот по население, а има површина од 26 квадратни километри.
Инаку, Северна Кореја го пријави првиот случај на заразен со коронавирусот.
Според Светската здравствена организација (СЗО) досега околу 15 милиони луѓе во светот починале од коронавирусот.