Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини летови во Европа која воедно е и една од најодржливите, денес прославува 18 години од работење во Европа. По повод својата годишнина, авиокомпанијата им нуди на своите клиенти попуст од 18% на сите летови во мрежата на WIZZ. Намалените авионски карти се достапни само денес, 19 мај, 2022.
За време на своите 18 години постоење, уште од првиот лет во 2004 на Катовице – Лондон Лутон рутата, Wizz Air константно ја проширува својата мрежа на рути и флотата на авиони. Исто така, од како беше направен првиот лет од Северна Македонија во 2012, авиокомпанијата им нуди на своите македонски клиенти поволни алтернативи по ниски цени до различни дестинации насекаде низ Европа и не само тоа, денес имаме летови од 2 аеродроми во земјата.