![24 мај, вторник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/de/9a7c94ed-resize-820x0x100.jpg)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2022 година (вторник) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот Св.Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители.