Делови од Шпанија зафатени се од топлотен бран кој донесе рекордни температури за мај.
Шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ издаде предупредувања за високи температури во 17 региони, а во градот Јаен во Андалузија измерени се 40,3 степени Целзиусови. „Ројтерс“ јавува дека луѓето на југот од Шпанија се обидуваат да се разладат со корситење вентилатор, со вода, па и со „капење“ во фонтани.
Спомнатата температура од 40,3 степени е повисока за 16 степени од просекот на земјата во овој период од годината. Во остатокот од земјата температурите се за седум степени повисоки од просекот.
АЕМЕТ соопшти дека топлотниот бран може да биде еден од најинтензивните во последните 20 години. Во бројни шпанкси места температурата рано наутро не се спуштала под 25 степени.
Со топлотни бранови се соочуваат и други земји межу кои и Индија и Пакистан, како и делови од САД, како Тексас.