Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење.
Ова претставува стратешко партнерство помеѓу Триглав Осигурување Живот и НЛБ Банка, кое овозможува уникатна понуда и силни придобивки за сите клиенти. Главниот бенефит од овој производ за клиентите е штедната компонента која им овозможува загарантиран износ на поврат на вложените средства во вид на осигурена сума за доживување, како и моменталната вредност на инвестициското портфолио.
„Една од најголемите придобивки на производот е можноста клиентите сами да одлучуваат за периодот на осигурување, како и за висината на премијата и нејзината распределба, практично самиот клиент одлучува за дисперзијата на вложените средства и ризикот од вложување. Можноста да се склучи договорот на период од 5 до 25 години е одлична опција за инвестиција на краток или подолг временски период, во зависност од личните потреби и планови на клиентите. Со овој продукт клиентите добиваат една голема придобивка, а тоа е намален ризик од вложување во инвестициските фондови преку загарантирана сума за доживување во вид на загарантиран износ на поврат на вложените средства“ – велат од Триглав Осигурување Живот.
Покрај основното осигурување на животот со инвестирање во удели, овој производ нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај или тешко болни состојби.
Триглав Осигурување работи со инвестициски фондови кои имаат силно портфолио и долгогодишно искуство на македонскиот пазар.
За повеќе информации,
02 5102-201
ponuda@triglavzivot.mk