Во голема конкуренција, А1 Македонија се закити со неколку награди и признанија.
Вчера во просториите на Министерството за економија се одржа доделување на национална награда за 2021 година за најдобри општествено-одговорни практики на македонските претпријатија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.
Во голема конкуренција, А1 Македонија се закити со неколку награди и признанија.
Во категоријата Етичко управување, А1 Македонија е добитник на наградата за проектот “The new normal”, како и на признанијата за проектот “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!”во категоријата Вложување во заедницата, за проектот “A1 Future Hub” во категоријата Однос кон вработените како и на признанието за проектот “The new normal” за најуспешна практика во справување со последиците од кризата предизвикана од ковид-19.
Честитки до целиот тим на А1 Македонија!