Припадниците на Хрватската планинска служба тргнале во потрага по авионот „цесна“ кој исчезна од радарот на поширокото подрачје на Слуњ.
Во спортскиот авион имало четворица патници, а од Сплит полетал кон Германија.
Во моментов на терен се припадници на хрватското МВР, на планинската спасувачка служба и беспилотни летала.
Жупанискиот центар за цивилна заштита 112 Карловац ги координира оперативните сили на терен.
Карловачката полиција извести дека дојавата за исчезнувањето на авионот од радарот пристигнала во 11.25 часот.
Веднаш по пријавата, во потрагата на теренот се вклучиле и 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција, како и 28 припадници на хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата.