За време на велигденските денови цената на табла јајца достигна и до 220 денари, а, според некои информации, најавеното покачување предвидува во текот на следните денови табла јајца да се продава и по 300 денари. Граѓаните се со став дека растот на цените веќе не може да се контролира. По стара цена не брзаа да купат оти велат дека пак за неколку дена ќе треба да купуваат по новата цена, која и да е.
Рокот за дел од антикризните мерки на Владата завршува утре, кога престанува да важи ослободувањето од ДДВ за основните прехранбени производи и ограничувањето на маржата за трговците. Според некои информации, маслото за јадење би поскапело за 7, а лебот за 2 денари. Млекото најмалку за 3, додека, пак, јајцата и оризот за 5 денари.
Целиот текст е на mnet.mk