Однесувањето ќе ги издаде- бидете претпазливи! Вие и вашите менаџери треба да внимавате на однесувањето на вработените кое може да укаже на тоа дека ве крадат . (Но, запомнете, не е невообичаено менаџер или вработен на повисоко ниво да биде мозокот на целата операција.) Кои се знаците кои ќе вклучат црвен аларм!
1. Промена во начинот на живеење Ако не му дадете на вработениот значително покачување, од каде доаѓаат новиот автомобил, новиот телефон или новиот стан?
2. Промена на работните навики
Вработениот кој ги мразел утрата сега доаѓа на работа долго пред да пристигне некој друг, и останува многу подоцна.
3. Сака Независност
Некои луѓе работат подобро сами, но ако одеднаш некој вработен одлучува дека сака да работи во "тивка атмосфера", тоа би можело да биде црвен аларм.
4. Создава нови цврсти пријателства релативно брзо
Ако видите дека двајца вработени почнуваат ново пријателство - и двајцата се однесуваат малку чудно, истражувајте .
5. Создава пријателство со клиент
Да се биде пријател не е црвен аларм, сам по себе. Но, давањето бесплатни технолошки играчки и честење ручеци може да укажуваат на тоа дека вработениот има некој бизнис плус со тој клиент, во замена за некои подароци што тој или таа би ги добиле.
6. Прекумерни отсуства
Постојано бара да излезе или пак случајно исчезнува од канцеларија ? Намерно е отсутен од местото на злосторството. Ви текнува?Ако не е таму значи нема никаква врска со случувањата..
7. Останува прекувремено на работа
Ако имате вработен кој никогаш не е отсутен, и никогаш не оди на одмори, бидете сомничави. Да, тој би можел да биде многу посветен вработен без друг "живот". Но, тој исто така би можел да биде исплашен дека неговата измама ќе биде откриена ако некој го замени кога тој не е во канцеларијата.
8. Промена во извештаите з а прилив и одлив на средствата
Ако почнете да гледате повеќе рефундирање или поништување на продажбата, време е да се истражи понатаму.
9. Повеќе оштетена стока
Повторно, барате промени во однесувањето. Ако бројот на оштетената стока почне да расте, нешто веројатно се случува.
10. Проблеми со Финансиските извештаи и фактури
Ако нешто се додава во фактурите , или има некои сомнителни записи, некогаш може да биде случајна грешка, но после 2 или повеќе пати може да укаже дека нешто се случува.
11. Промена на компјутерски екран кога сте во канцеларија
Ако имате вработен чиј компјутерски екран е црн или се менува одеднаш додека се приближувате до неговото биро, и тоа се случува постојано, има добри шанси тие да трошат многу време за работи што не сакаат да ги видите. Бидете сомничави
Што да се прави ?
Запомнете дека најпрво барате модели на однесување и други знаци кои можат да укажат на проблем. Не обвинувајте никого, туку истражувајте и соберете доволно докази!
Ако откриете дека постојат докази за кражба, документирајте го вашиот доказ. Размислете за тоа на овој начин: Ако треба да сведочите на суд, како ќе ги презентирате доказите на начин кој нема да остави сомнеж дека кражбата се случила? Можете ли да добиете видео доказ? Дали вашиот финансиски софтвер ги регистрира сите активности, има ли нешто во е-поштата на вработениот што може да се искористи? Дали имате некој што ќе ја потврди приказната?
Ако сте сигурни во своето откритие проверете го законот што вели во вакви случаи и веднаш интервенирајте!Исто така, преземете мерки на претпазливост пред да го обвините вработениот. Морате да ги заштитите податоците на компанијата и да спречи поединецот да се обиде да прикрие доказ за своите злодела. Ако е можно, да го исклучите од сите системи на компанијата, вклучувајќи ги и неговиот e-mail, Google Docs, dropbox и било која друга услуга- веднаш направете го тоа .Ако не можете да го направите тоа додека не го отпуштите работникот, забранете му го пристапот до неговото биро и неговиот компјутер.
Ако имате доказ за кражба и сумата е значителна, јавете се во полиција и пријавете кражба