![Патот Росоман- Прилеп затворен за сообраќај](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/99/326a3d99-resize-820x0x100.jpg)
Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај .
Од терен известуваат дека водата чие течение е од Плетвар надолу си го направила своето и не станува збор за одрон туку е земјата од ископот. Изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот, и се очекува да се исчисти до пополадневните часови