![Нова индустриска зона наскоро ќе биде отворена во близина на Скопје](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/5e/096776e5-resize-820x0x100.jpg)
Нова индустриска зона чиј фокус ќе биде целосно насочен кон високи технологии, под името Скопје 3 наскоро ќе биде отворена во близина на главниот град
Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски вели според плановите, зоната ќе функционира со нов концепт, со кој ќе се привлекуваат домашни и странски инвеститори од областа на високотехнолошки напредни технологии - објави Kanal 5.
-Нашата цел е на одредено дефинирано парче земја која е некаде околу 35 хектари во близина на главниот град, паметно да ги искористиме ресурсите со кои оваа држава располага. Тоа се младите луѓе и интелектуалниот капацитет кој неспорно постои. - вели Деспотовски
Целта е да се генерираат инвестиции во износ од 850 милиони евра во наредните десет години, а во оваа индустриска зона, според него би требало да бидат ангажирани од 4,500 до 5,000 млади луѓе.
Целиот текст е на kanal5.com.mk