Без чекање ред, губење време, брзо и едноставно од удобноста на вашиот дом или канцеларија отсега ќе може да ги подмирувате сметките за вашата омилена сателитска телевизија MSat TV на Мтел и преку онлајн плаќање
Без чекање ред, губење време, брзо и едноставно од удобноста на вашиот дом или канцеларија отсега ќе може да ги подмирувате сметките за вашата омилена сателитска телевизија MSat TV на Мтел и преку онлајн плаќање.
Телекомуникацискиот оператор ја направи оваа можност за своите корисници достапна на својата веб страна mtel.mk преку која што минувајќи низ едноставна постапка ќе можете да ги платите своите сметки.
„Постапката плаќање на сметките за услугите на Мтел е едноставна и нема да им одземе многу време на корисниците. Плаќањето се врши преку нашата интернет страна www.mtel.mk и избор на опцијата ’плаќање на сметки’. Нема потреба од регистрација или креирање на профил, туку плаќање се врши со внесување на основните податоци на корисникот. При тоа, на Мтел корисниците со овој начин на плаќање на своите сметки нема да им биде наплатена провизија“, велат од компанијата.
Новата услуга е во насока на постојано подобрување на корисничкото искуство и подобрување на сите услуги кои што МТЕЛ ги нуди на сегашните и идни претплатници на сателитската телевизија.
Преку интернет страна и понатаму може да аплицирате и за инсталација на MSat TV или да го промените пакетот кој што го користите досега. И понатаму е достапна промотивна понуда за 50 отсто претплата во траење од 12 месеци и еден денар приклучок со договор на 24 месеци. Сите нови корисници во првите три месеци имаат пристап до сите телевизиски содржини без разлика за кој од трите пакети на MSat TV се одлучиле.
Во моментов Мтел има потреба од кандидати за работа на следните работни позиции:
Агент за D2D (теренска продажба)
оглас за повеќе детали и аплицирање
Агент во контакт центар во МТЕЛ ДООЕЛ
оглас за повеќе детали и аплицирање